„ Често нарекуван „ Бисер на Балканот“, градот под УНЕСКО Охрид е стар повеќе од 5000 години, со што го прави да е еден од најстарите населби во Европа. Првите жители го нарекувале Лихнидос- град на светлината , има богата историја, бил значаен центар за трговија на еден од најпознатите патишта во античко време“, вака почнува репортажата за Охрид која деновиве беше прикажувана на Euronews.
Во професионално подготвениот прилог се зборува за црквите во Охрид, за историјата, за Свети Климент , за отварањето на првиот словенски универзитет пред 1100 години од каде потоа се шири словенската писменост.
OhridNews
http://www.euronews.com/2014/05/21/macedonian-life-2-ohrid-s-historical-treasures/












