ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“.
Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата. Со интеграцијата на оваа технологија, сончевата енергија произведена во текот на денот ќе може да се складира и користи во најповолен период, што овозможува поголема стабилност, флексибилност и ефикасност на енергетскиот систем, велат од ЕВН Македонија.


Денес стоиме пред нашето најново достигнување – батериски систем за складирање на енергија поставен на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Станува збор за еден од водечките проекти во областа на обновливите извори на енергија и најголем батериски систем во рамки на целата ЕВН Групација и државата. Наскоро капацитетот на системот ќе биде удвоен на 40 MWh. Опремата за е веќе испорачана и е во фаза на инсталација, истакна Маиер.

Системот е составен од повеќе батериски и PCS контејнери распоредени на површина од околу 580 квадратни метри. Батериите се произведени од CATL, еден од светските лидери во батериската индустрија, а системот за конверзија на енергија е обезбеден од K Star, посочуваат.

OhridNews














