Се е` подготвено за стартот на најголемиот спортски настан кој ќе се одржува во Република Македонија, сениорското Европско женско ракометно првенство.
Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ во наредните 12 дена ќе бидат македонските репрезенти во Европа.
Директорот на ЈП Билјанини Извори, Иван Цветкоски напомена дека огромно е задоволстовото но и одговорноста да се биде домаќин на ЕП.
Макотрпна беше работата во изминатиот период , но сепак успеавте работата да ја доведете до конец?
– Во изминатиот период успеавме да ја “дотераме“ спортската сала. Очекуваме доста публика од надвор и верувам дека “гостите“ ќе бидат задоволни од сето она што ќе го видат. Работите ги интензивиравме во последните две недели, се обидовме да ги преточиме нашите идеи во стварност, а колку успеавме во тоа ќе кажат посетителите во салата. Изминатиот период за мене како директор на спортската сала и за вработените е едно огромно искуство.
Колку охриѓани покажаа интерес пред стартот на ова ЕП?
– За жал охриѓани не се потресоа многу многу за ова ЕП. Една од приичините ја гледам и во задоцнетата промоција на ова ЕП. Ние сепак во рамките на нашите можности се обидовме да им го приближиме Европското првенство на охриѓани. Се надевам дека во иднина духот кој моментално владеа во ова ЈП, охриѓани ќе го препознаат и ќе ни подадат рака за да го промовираме Охрид во што подобро светло.
Организиравте локална капмања за анимирање на јавноста ?
– Задоволни сме од текот на локалната кампања, можеби беше малку кратка и не и кореспондираше на вака голем настан но мислам дека успавме да ги анимираме охригани и да ги привлечеме да бидат дел од ова ЕП.
Во рамки на 4-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид ја пречекува екипата на РК Прилеп во петок, 25 септември Не очекува еден предизвикувачки натпревар, но мислам дека фокусот треба да ни биде...
На 26 и 27 септември во Охрид ќе се одржи „Ohrid Outdoor Festival 2026“, дводневен спортско-рекреативен настан посветен на outdoor спортовите, активниот начин на живот, природата, авантурата и акти...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Охрид свечено ги отвори 24 Спортски синдикални игри и средби на Македонскиот полициски синдикат, истакнувајќи го значењето на спортот,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.