Езерските бранови исфрлија големи количини најразновиден отпад по обилните врнежи од дожд и засилениот јужен ветар. Како последица од временските неприлики по шеталиштето и крајбрежниот појас се забележа голема количина на тешко разградлив комунален отпад, трска, реса и останат отпад.

Од „Охридски Комуналец“ информираат дека со акцијата ќе се продолжи и во текот на наредните денови.
OhridNews











