Мекларен Мерцедес по триумфот во спринтот, забележа 1-2 победа и на главната трка во Мајами, што се возеше вечерва по европско време. Најбрз денеска беше Оскар Пијастри кому ова му е трета последователна победа сезонава во Ф1. Последен пат во болид на Мекларен тоа му успеа на Мика Хакинен во 1998 година.
Тој победи пред неговиот тимски колега Ландо Норис, а третото место го освои пилотот на Мерцедес Џорџ Расел. Во бодови уште заврпија Верстапен, Албон, Антонели, Леклер, Хамилтон, Саинц и Цунода.
Во Генералниот пласман води Пијастри со 131 бод, пред Норис 115, Верстапен 99, Расел 93… Во конкуренција на конструктори води Мекларен Мерцедес со 246 бода пред Мерцедес 141 и Ред Бул 105.
Ф1 се сели во Европа, а следната трка, седма во годинешниот шампионат, ќе се вози на 18 мај во Имола, Италија.
Г.М.
Фото: Илустрација