Тинејџерот Кими Антонели во болидот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на Јапонија што утрово се возеше на легендарната патека Сузука.

 

Антонели кој имаше пол позиција лошо стартуваше, што му овозможи на Пјастри да го преземе водството. Клучен момент беше излетувањето на Берман на средина од трката. Благодарение на сплет на околности и безбедносното возило 19-годишниот Италијанец повторно изби на чело на трката и не го испушти водството до крајот.

Втор беше пилотот на Мекларен Мерцедес Оскар Пјастри, а на третото место се пласираше Шарл Леклер од Ферари. Во бодови уште завршија Расел, Норис, Хамилтон, Гасли, Верстапен, Лосон и Окон.

Кими Антонели го презеде водството во Генералниот пласман со 72 бода, пред клупскиот колега Џорџ Расел со 63 и Леклер од Ферари кој има 49 бода.

Во шампионатот следи подолга пауза поради откажување на трките на Блискиот исток каде беснее војна. Следната трка ќе се вози од 1 до 3 мај во Мајами, САД.

Г.М.