Граѓани кои ги исполнуваат условите за користење на платежните картички од владината кампања за ублажување на последиците од кризата предизвикана од коронавирусот „Купувам домашно“, велат дека таа не можат да ја искористат за услуги од Авто школи.

Авто школите потврдуваат дека мерката „Купувам домашно“ не ја опфаќа нивната дејност и сметаат дека истата е селективна.

Од Министерството за финанасии постојано добиваме информации за платежните картички „Купувам домашно“. Меѓутоа никој не кажува дека има селекција на дејности каде се можат да се користат овие картички. На ден 22.06.2020 во Сл.Весник се објавени шифрите на дејности каде се може да се користат платежните картички. Не знам зошто Министерството врши селекција на дејности и зошто фирмите со дејност 85.53 – дејност на школи за возачи не се опфатени со мерката, а вршат услуга и на фискалните сметки кои ги издаваат им пишува „Промет од македонски производи“. – вели Соња Шикалоска од Авто школата „Старс инженеринг“.

Кампањата „Купувам домашно“ е дел од третиот сет мерки на Владата за поддршка на домашната економија, со која се опфатени околу 325.000 граѓани и ќе чини 28 милиони денари. Владата најави нов, четврти сет мерки за поддршка на стопанството кое сериозно е погодено од кризата предизвикана од коронавирусот.

Г.М.