Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, полициската станица од Струга поднесе кривична  пријава  против 33-годишен стружанец.
Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка „Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари.

– Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, успеал да добие информација дека истото е оставено на паркинг во гаражите од комплекс во Струга. Во извршувањето на казненото дело, лицето употребило тврд предмет и насилно ги отворило предните врати од автомобилот. За кратко време, пријавениот го истргал авто радио касетофонот од лежиштето во автомобилот и избегал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициските службеници, по добиени оперативни информации, го повикале пријавениот и по извршените разговори со него, го пронашле авто радио касетофонот и му го вратиле на сопственикот на возилото.

OhridNews