Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го промовираше дресот со кој Македонија ќе дебитира на Европското првенство во фудбал. Првиот дрес не е во препознатливата црвено-жолта боја, туку во бордо, која предизвика лавина од негативни реакции. Вториот дрес е жолто-бела комбинација, а третиот црно-портокалова.

Реакциите во целина се негативни, бидејќи се изгуби секаква смисла од надимакот „црвено-жолти“. Некои фанови дури потенцираат да се покрене петиција за враќање на старите дресови, со кои Македонија се избори за учество на континенталниот собир.

Македонија на ЕП кое ќе започне на 11 јуни силите во фазата по групи ќе ги одмери со Австрија, Украина и Холандија.

Видео од презентацијата на дресовите можете да го погледнете тука.

 

OhridNews