Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески е нов член на европскиот и македонскиот првак, Вардар. Талески кој доаѓа од бундеслигашот Балинген со „црвено црните“ потпиша едногодишен договор.

Преселбата во Вардар за Талески ќе значи кам бек во Македонија, бидејќи ракометарот кој дејствува на левата бековска позиција кариерата ја започна во Металург.

Со доведувањето на Талески, Вардар реши една дилема а како што изјави првиот човек на Вардар, Михајло Михајлоски приоритет периодов ќе бидат десен и среден бек.

Засега, сигурно во новиот Вардар остануваат капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Кристијан Дисингер и Глеб Калараш, а нови засилувања се Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантегрел.

OhridNews