Министерот за здравство Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација, соопшти вечерва Министерството за здравство. Реакцијата доаѓа по информациите за наводно вакцинирање на немедиционски персонал во охридската Општа болница со вакцина на Фајзер.

Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани, ја пренесува МЗ изјавата на министерот Филипче.
OhridNews











