Со 62 гласа „За“ Венко Филипче е избран за нов министер за здравство. Оваа одлука го налути лидерот на Алијансата за Албанците Зиадин Села кој најави дека неговата партија ќе излезе од владата штом биде изгласан законот за јазиците. Тој изрази сомнеж дека зад промената на одлуката СДСМ да го добие министерството за здравство со кое раководеше Aрбен Таравари, кадар на Алијансата кој стана градоначалник на Гостивар, можеби се кријат бизнис интереси на коалиционите партнери ДУИ и СДСМ околу зградбата на клиничкиот центар.

На денешната седница на Собранието, од трет обид со 61 глас „За“ пратениците без присуство на опозицијата го усвоија предлогот Љубомир Јовевски да биде избран за нов Јавен обвинител на Република Македонија.

OhridNews