12.42 Денеска се евидентирани петмина оздравени и десет новодијагнистицирани од Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција попладнево. Изминатото деноноќие регистриран е и еден смртен случај на пациент од Делчево.

Во однос на намалениот број тестирања, Филипче рече дека тоа се должи на намалениот број на пациенти кои имаат потреба од тестирање, што било главна цел на здравственте мерки

Оздравени се 1205 пациенти или 72 % од сите дијагностицирани, а се намалува и бројот на смртни счучаи. Активни случаи се 327, или 22,5% од вкупниот број. Расте и бројот на оздравени здравстени работници, од 222, оздравени се 214. Во 10 општини нема заразени, меѓу кои е и Охрид, истакна министерт Филипче.

Филипче најави намалување на рестриктивните мерки, согласно критериумите на СЗО.

Исполнети се сите критериуми, состојбата е стабилна и Комисијата за заразни болести до Владата ќе предложи  план за олабавување на рестриктивните мерки. – рече министерот за здравство.

Меѓу другото ќе се дозволи работа на Центрите за едукација, обука, семинари на возрасни лица, седници на органите за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, затворени трговски центри без угостителски објекти и услуги, центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои ги поготвија капацитетите, обложувалници преку шалтер без угостителски услуги, како и други дејности со задолжително почитување на протоколите – држење на дистанца и носење маска во затворено и на отворено кога не може да се обезбеди дистанца, појасни Филипче.

Министерот Филипче додаде дека следната недела во план е да се препорача отварање и на угостителските објекти со послужување, како и за спортските тренинзи на отворено за колективните спортови. Потоа, повторно по извршена епидемиолошката анализа и пратење на состојбата, следната недела е предвидено отварање на игрите на среќа во казина, тренинзи во затворени објекти, теретани и фитнес клубови и хотелски објекти.

OhridNews