Општина Струга, согласно Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, објавува јавен повик за финансиска поддршка на физички лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, туристички придружник и/или туристички водич на планина.

Вкупниот буџет за оваа намена, како што информираат од Општина Струга е 200.000 денари, кои ќе се распределат подеднакво меѓу барателите со одобрени барања.

Со оваа мерка го поттикнуваме развојот на професионален кадар, унапредувањето на туристичките услуги и промоцијата на природното и културното наследство на Струга, потенцираат.

Краен рок за поднесување на апликациите е 27 ноември 2026 година и истите може да се поднесат на шалтерот на Општина Струга, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

OhridNews