Општина Охрид го објави Јавниот повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во делот на социјалната и здравствената заштита за 2027 година. Финансирањето на програми и активности на веќе постоечки дневни центри, поддршка за нивно континуирано функционирање е до 1.000.000,00 денари, додека финасирање на предлог идеи од јавен интерес е со утврден максимален износ до 500.000,00 денари.
Ќе бидат поддржани предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен интерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на создравствената и социјална и здравствена заштита, со цел намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби чии активности се на територијата на општина Охрид, кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик, стои во Јавниот повик.
Предлог проектите, се посочува, треба да се однесуваат на активности од областа на здравствената и социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Охрид во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности, а се со единствена цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2027 година.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 20.11.2026 година до 15.00 часот.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews












