Денес во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта информираат од СВР Охрид.

Тие претходно пред Основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во Основниот суд во Охрид денеска беше објавена пресуда за случај со смртни последици, а пред зградата на Судот настанала тензична атмосфера меѓу семејствата на убиениот и обвинетиот, по што интервенирала полицијата.

Влезот во Судот не бил дозволен за двете страни, бидејќи требало само да се објави пресудата и се оечкувале тензии. Обвинетиот е осуден на 15 години затворска казна.

OhridNews