Извршниот одбор на Федерацијата на кајак-кану на мирна вода на Р. Македонија, на својоата последна седница расправаше за тешката финансиска и организациона сосотојба предизивкана од односот на Агенцијата за Спорт и Млади.

Игнорантскиот однос на Агенцијата за млади и спорт ја остави Федерацијата без финансиски средства за реализација на својата програма во текот на 2007 и 2008 година – велат од федарацијата.

Имајќи ги во предвид овие причини, Извршниот Одбор, врз основа на заклучокот на последната седница на Собранието на Федерацијата одржана во Декември 2007 година , констатира дека федерацијат не е во состојба да да ја продолжи својата работа и активност и донесе одлука да ги прекине сите активности , како на организационен така и на спортски план.

Длабоко сме свесни за штетата од една ваква одлука – се вели во соопштението кое стигна до нашата редкација. Исто така сме свесни дека ова е последната одлука која моравме да ја донесеме принудени од односот на (не)одговорните луѓе во Агенцијата за млади и спорт.

Длабоко сме свесни дека оваа одлука е најлошата која можеше да ја донесе ИО затоа што таа може да доведе до уништувње на еден стар и трофеен спорт во Република Македонија каков е кајак – кану спортот на мирна вода -стои во соопштението потпишано од Љупчо Пинтоски Генерален – секретар на Федарацијата за Кајак-Кану на Мирна вода на Р. Македонија.

ohridnews