Охрид вечерва ќе биде домаќин на музичкиот спектакл „Flowers Symphony“ на Оркестар ДИВА – Битолски камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во Долни Сарај со почеток во 21 часот.
Пред публиката ќе настапат повеќе од 100 учесници, а годинашната програма носи спој на оперски арии, познати италијански канцони, француска шансона и култни теми од филмската музика, меѓу кои дела на Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер.
Како солисти ќе настапат Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани од Косово, а специјални гостинки се Нада Талевска и Билјана Талевска. Дел од музичкиот спектакл е и хорот „Гортинија“ од Гевгелија, под водство на Илија Атанасов. Со концертот диригира Владимир Димовски.
За Зана Абази-Рамадани ова ќе биде прв настап со „Flowers Symphony“ во Охрид, на сцена на која пред години во живо го слушала големиот Енио Мориконе, а вечерва ќе се врати како изведувач на едно од неговите дела.
Билетите се во продажба преку „Your Next Event“, како и во Тобако Димпо и кај Аждер.
OhridNews












