Охрид денеска по петти пат е домаќин на  Фолклорната ревија на песни, ора и музика и на 24-те културни средби од југозападниот регион на Македонија.

На ревијата што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ учествуваат фолклорни состави од пет градови, со околу 200 пеачи.

Покрај македонскиот и влашкиот мелос љубителите на фолклорот за прв пат ќе може да  проследат и настап на ансамбл од Стара Загора – Бугарија.

„Фолклорната ревија и денес како и досега е културна мисија за зближување и развивање пријателство меѓу пензионерите учесници од различни краишта на земјата и соседството“, вели претседателот на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески.

Оваа културна манифестација се одржува под покровителство на Сојузот на пензионерите на Македонија, а во координација со Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца.

Г.М.