Со покачување на температурата на воздухот и водата, во крајбрежниот дел од Охридското Eзеро продолжува цветањето на зелените алги.

За да не дојде до нивно распаѓање и со тоа создавање непријатна миризба, како и секоја година така и оваа, екипите од ЈП „Охридски Комуналец“ во наредниот период ќе продолжат со редовно чистење на алгите согласно Програмата за вонредни активности за 2014 година, а по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат.

Во изминатите години, поради зачестените климатски промени, зелените алги расцветуваа во март и во октомври.

OhridNews