Додека едни се уредени, други плажи долж источното крајбрежје се уште сведочат за ниската еколошка свест на поединци.

Граѓаните реагираат дека покрај самото езеро може да за се забележи расфрлан смет и искрешени јавни добра, кои веќе подолг временски период се наоѓаат во иста состојба.

Од друга страна, дел од плажите веќе се подготвени за претстојната летна туристичка сезона. Покрај хортикултурното уредување на просторот, на некои од нив запазени се и законските одредби за безбедноста на плажите.

Граѓаните сметаат дека плажите долж езерото мораат да бидат во одлична „кондиција“ во текот на целата година, а не само во шпицот на сезоната.

Ohridnews