Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со 88 гласови „ЗА“ од 96 делегати ги усвои промените на Статутот кои беа на дневниот ред од Вонредното собрание кое попладнево се одржа во хотелот „Инекс“ во Охрид.

Во следниот избор за претседател на ФФМ ќе може да се кандидира спортски работник кој оставил белег во македонскиот фудбал, но сепак да е член на некој Општински фудбалски сојуз и да добие поддршка и не мора да биде делегат на Собранието, како што беше порано.

На Вондредното собрание кое не траеше повеќе од еден час беа донесени уште неколку одлуки помеѓу кои потпретседател ќе има еден, а кандидатите за членови на собранитето и претседателот не смее да има повеќе од 65 години.

Претставник на УЕФА на вонредното Собрание беше Денис Бастари, откако хрватската легенда и член на извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, не допатува во Охрид поради пропуштање на последниот авион.

Мх.П.