Фудбалерите на Лабуништа го задржаа курсот во Втората македонска фудбалска лига-запад совладувајќи го тимот на Гостивар со 2-1 во дербито од 7-та рунда. „Зелено белите“ покажаа квалитет  и карактер и во финишот со два погодоци го свртеа резултатот во своја полза и забележаа голема победа во трката за врвот во второлигашјата конкуренција. Триумфот го прославија со навивачите, а вистинска експлозија имаше во соблекувалните.

OhridNews

Втора МФЛ: Лабуништа со пресврт го совлада Гостивар во Струга

Реакции после натпреварот Лабуништа – Гостивар