Со низа свечености во Охрид денеска беше одбележан 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Св. Методиј. По тој повод во истоимениот културен дом во населбата Кошишта се одржа пригодна манифестација на која настапи и КУД Гердан. Пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, делегации положија свежо цвеќе, по што следуваше доделување на наградите за најдобрите ученици од основните и средните училишта, кои ги врачи градоначалникот Никола Бакрачески.

Фото галерија:

OhridNews