Волонтерите од Црвениот крст Охрид  активно се вклучени во собирање помош наменета за настраданите во кризните поплавени подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Собирни пунктови има во седиштето на општинскиот Црвен крст, кај новата автобуска станица, како и во маркетите на „Тинекс“, „Дон“, „Стоп Шоп“, „Тамаро“ и „Кам“, кои се отворени од 10 до 18 часот.

Како што вчера информираа од ОО Црвен крст Охрид, досега се собрани повеќе од три тони храна, вода, производи за одржување хигиена и облека.

OhridNews