Шестото издание на културниот настан „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор, што вечерва се одржа во кафѐ и бар “Шила“, беше посветено на Светскиот ден на поезијата, кој се одбележува на 21 март.

На настанот авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори читаа: Анастасија Стојаноска; Тамара Танкоска; Јана Голабоска; Бисера Николоска; Михаела Протугер; Ана Филипче; Евамарија Баткоска; Климент Шиникоски; Теодора Николовска; Сретен Стрезовски; Славица Илиќ и Јован Цветкоски, инаку организатор на настанот.

Вечерашниот е уште еден во низата квалитетни културни настани организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид.

OhridNews