Влошки од чевли, пластична амбалажа закачена на зеленилото, хартии, ќеси од влажни марамчиња, храна- е првата слика која ја гледаат штотуку пристигнатите гости од Холандија, но и туристите од  другите  краеви на светот кои престојуваат во Охрид.

Градскиот кеј, Холандскиот парк, трската, покрај кои минува секој турист, секојдневно се полни со расфрлани предмети кои за жал се доказ за сеуште ниската свест на дел од граѓаните.

Секојдневните бројни апели да престане ваквото однесување очигледно дека не допира до свеста на поединци, а првиот впечаток секогаш е најважен.

OhridNews