Големиот број гости кои во Охрид престојуваат за време на Велигденските празници на површина повторно го изнесе долгогодишниот проблем со недостатокот од паркинг места во градот, а следствено на тоа и хаосот и сообраќајната некултура.

Се чини едни од најзасегнатите, деновиве, се велосипедистите. На ионака малиот број велосипедски патеки- паркирани возила. Истата слика и на приодните патеки кон парковите, а на патеката до Горица и покрај видното обележување со црвена боја, лентата наменета за велосипеди преполна со пешаци.

OhridNews