Вчеравечер публиката во рамки на „Summer comedy marathon“ имаше можност да го погледне стендап шоу „BEST OF Stand Up“ на бродот Армада.

На сцената настапија Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски.

Кулминацијата на „Summer comedy marathon“ ќе биде на 13 август, кога на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи големото финале – јубилејно шоу „Опстанок“ со кое стендап комичарот Никола Тодороски ќе одбележи 15 години кариера. На спектакуларната завршница специјални гости ќе бидат Тино и Атанас, шоуто ќе го отвори Никола „Братучед“ Сиљаноски, а за дополнително вжештување на атмосферата ќе биде задолжен DJ Face.
Билетите се во продажба и може да се набават онлајн преку платформите TIX.MK и HAHAHA.MK, а влезници за големото финале ќе има и на продажното место кај Аждер во охридската чаршија.
Фото галерија:
OhridNews
фото. А. Момироска






















































