Во Струга денеска се одржа традиционалната еордија – литија, по повод празникот Св. Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден.

Од превентивни причини, поради пандемијата од Ковид 19, годинава во литијата најавено беше учество само на монасите и монахињите од манастирите Бигорски и Рајчица и свештенството од Дебарско – кичевската епархија, кои се движеа држејќи дистанца.

Сепак и покрај апелите и мерките на претпазливост, граѓани и верници, со маски на лицата, а некои без нив, спонтано се придружија на литијата.

Струшката литија масовна и во време на здравствена криза

Струшката литија – еордија, е традиционален верски настан, на кој се вадат моштите на Св. Георгиј и чудотворната икона на Пресвета Богородица, кон кои верниците од овие краишта имаат посебен култ.

OhridNews