По повод меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, денес во Струга, во организација на центарот „Порака Нова“ се одржа трка на кејот на Црн Дрим, преку која граѓаните ја  искажаа својата поддршка на лицата со даунов синдром. Средствата од настанот ќе бидат наменети за организирање на гала вечер за лицата со посебни потреби од Струга.

Овој настан беше посветен на Анастазија Жупан.

Атмосферата на хуманитарниот настан го долови фотографот Кристина Затуровска – Кики Муки.

OhridNews
Фото: Кики Муки