Педесетина луѓе вчера напладне беа собрани позади зградата на „пензионерското“. Некои од нив биле тука од раните утрински часови. Чекаа камион – ладилник со месо. Го дочекаа. Се стуткаа сите зад камиончето, секој да „фати“ подобра позиција и подобро прасенце, нели?!

Работникот од месната индустрија вешто почна да ги дели „француските обработки“, а народецот почна да носи по колите. Е сега, каква е таа сцена кога месо се остава на хауба, се носи на раце по калливиот пат и дали е тоа воопшто дозволено (сигурно не е), кажуваат сликите. Кому му е гајле за бактерии, вируси, кравји, говедски, прасечки лудила?! За ветеринарни инспекции?! Важно е да има мрсно на трпеза по поволна цена. Од пензионерсконо. Еве кај е Велигден. Ах, далеку е Европа!

Текст и фотографии:
С. Костоски