По повод 20 години од постоењето, најпознатиот моден бренд кај нас, бутици „Емили“, со извонредна понуда за марурантите. Во чекор со светските модни трендови, бутици „Емили“ и годинава нудат најголем избор на костуми и свечени фустани, наменети за матурските прослави, по најпристапни цени.
Ексклузивно во бутици „Емили“ во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и наспроти градскиот пазар во Струга, комплет облека за матуранти (сако, панталони, кошула, машна) за само 5.500 денари!
-Оваа цена се однесува на соодветна комбинација на сако, панталони, кошула и машна за чиј избор ќе ви помогне стручен и искусен тим. Исто така нудиме брза стручна и бесплатна корекција за секое купено парче облека, велат од бутикот „Емили“.
Извонредната понуда бутици „Емили“ постојано ја надополнуваат со нови модели на свечени фустани, идеални за матурските прослави и други свечени прилики. Моделите се уникатни и не се повторуваат.
Најновата машка и женска колекција за сезоната пролет-лето 2017, веќе пристигна во бутици „Емили“. Прекрасните модели деновиве беа дел од традиционалната шеста по ред фото сесија на која беше претставена најновата понуда на свечена облека и венчаници кои можат да се најдат единствено во бутици „Емили“.
Фото галерија:
Повеќе модели инфо на фан страната на бутици „Емили“
OhridNews
































