Откако отворено застана зад грчкото вето  за поканата на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, Франција денеска ја теши земјва. Амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро денеска во Охрид и порача на Македонија да остане  смирена и да работи повеќе кон напред.

„Треба да се има во вид дека перспективите на Македонија за НАТО и за интегрирање во Европската унија се недопрени и тоа треба да се има на ум“, рече Валеро. Интенција на мојата земја и на сите европски земји е  да ви помогнеме во таа насока, додаде францускиот амбасадор. „После епизодата во Букурешт треба да се размисли, да се извлечат лекциите, да се продолжи во насока на тие перспективи и да се сочува националниот консензус за да се постигне саканата цел“, рече Валеро.


Бернар Валеро ја теши Македонија

Францускиот амбасадотр во Охрид денеска присуствуваше на промоцијата на рекреативната “Франкофонска“ патеката што ја изгради  НП Галичица.

ohridnews