Факултетот за туризам и угостителство со свои студенти престојуваше во Будва, Црна Гора на десеттиот „Меѓународен конгрес на факултетите за туризам и угостителство”  (ТУРИЗМИЈАДА).

Студентите од ФТУ на јубилејната “ТУРИЗМИЈАДА 2017” учествуваа во повеќе спортски натпревари и освоија значајни пехари и признанија: прво место во футсал (ж), прво место во дисциплина пинг – понг, второ место во дисциплина пливање, второ место во дисциплина шах, второ место во дисциплина  „влечење на јаже“ (ж).

„ТУРИЗМИЈАДА” ги обединува најталентираните студенти од сферата на туризмот и хотелиерството кои се натпреваруваат во различните спортски и академски натпревари. На оваа манифестација учествуваа над 20 факултети за туризам и угостителство од европските држави.

На манифестацијата која беше организирана по повод затворањето на „ТУРИЗМИЈАДА 2017”, Факултетот за туризам и угостителство беше прогласен за најуспешен факултет меѓу сите останати факултети кои учествуваа.

OhridNews