Фудбалерите на Охрид во сабота на „Билјанини Извори“ ја пречекуваат екипата на Камјани во 11. коло од 2.МФЛ. Фудбалерите од натпревар во натпревар го оставаат срцето на теренот, борејќи се за една голема цел – пласман во Првата лига.

На овој клуб му треба полна трибина, гласна поддршка и град кој стои зад своите фудбалери! Охрид е град со фудбалска традиција, а време е тоа повторно да го покажеме! Борбата за влез во Првата лига продолжува, а на тој пат секој навивач е важен! Не дозволувајте нашите фудбалери да се борат сами! Сите на стадион! За Охрид, за клубот, за Прва лига, порачуваат од ГФК Охрид.

Натпреварот се игра со почеток во 13:00 часот.

ГФК Охрид е прв на табелата со 25 бода по одиграни 10 кола, 8 победи, еден пораз и еден нерешен натпревар. Два бода помалку има Пелистер и е втор, додека трет е Работнички со 21 бод.

OhridNews