Охрид долги, долги години чекаше прволигаш. Поминаа генерации фудбалери, тренери но освен мечтањето ништо друго. По петнаесет години мечтаење, Охрид 2004 обезбеди пласман во првата македонската фудбалска лига, но експресно се врати во втората лига.


Сезона исполнета со тренерски смени, голема промена во играчкиот кадар, “раштимани“ односи фудбалери – управа, а на крај и навивачката група “рибари“ му го сврте грбот на клубот. Со писмо до јавноста се обрати, дефанзивецот Александар Бошковски кој сезоната ја мина во дресот на Охрид.


–    Сакам да им се заблогадарам на сите луѓе кои ми помогнаа и ми беа верна подршка во изминатава сезона. Посебно сакам да му се заблогадарам на фудбалерите кои од првиот ден ме примија како другар, соиграч и во сите моменти да се чувствувам како дел од клубот. Покрај големите проблеми со кои се соочив(ме) за време во мојот престој  во Охрид (немање струја во станот, немање храна, немање основна опрема за тренинг и најважното неподмирени плати) останав и со срце за клубот ја доиграв сезоната.  Во таква ситуација испаѓањето во втората лига беше неизбежно, но виновницте не треба да се бараат помеѓу фудбалерите. Имаше разно разни обвинувања упатени кон фудбалерите, но дали некој се запрашал каде тренираме, со што тренираме, дали имаме соодветни услови за тренинг и  опрема. НЕ! Ако ние фудбалерите не останавме, клубот можеше да згасне. Немаше да се доиграат натпреварите до крај и клубот ќе се соочеше со најлошото да  биде автоматски префрлен во најниската лига.

Договорот на поранешниот младински репрезентативец Бошковски заврши по истекување на сезоната.


–    Мојот договор со ФК Охрид 2004 беше во времетрање од една година, со тоа и моите обврски кон клубот завршија. Ќе ја искористам оваа пригода уште еднаш да им се заблогадарм на соиграчите за коректниот однос кон мене, ми беше големо задоволство да тренирам и живеам со сите нив. Им посакувам се најдобро, и многу среќа понатаму во фудбалската кариера– стои во писмото на Александар Бошковски. 

Мх.П.