Битола ќе може да слушне, види и доживее фузија од музички стилови… Докажаниот џез виртуоз, пијанистот Васил Хаџиманов со македонско потекло, син син на легендарните Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, доаѓаат заедно со својот бенд на Тераса Широк Сокак.

Уникатноста на Васил и неговиот бенд е во комбинирањето на балканските традиционални, фолк ритами и западните, модерни музички стилови џез, фанк, рок, ворлд мјузик, правејќи потполна автентичност, која претставува нов пристап во џез музиката.

Повеќе од 20 години пијанистот и композитор Васил Хаџиманов и музичари во Васил Хаџиманов бенд, со огромна љубов, ентузијазам создаваат специјална енергија и спонтаност каде публиката ужива на концертите и џез фестивали низ целиот свет.

-Сите вие кои сакате да присуствувате на овој настан ве очекуваме на 30-ти Август (Четврток) во Хотел Епинал на Тераса Широк Сокак. – порачуваат организаторите.

OhridNews
фото: ©️ Predrag Ilic Rex Images