Делегација на Македонската православна црква ќе оди во Атина на средба со претставници на Грчката православна црква

на која ќе биде разговарано за сите отворени прашања меѓу двете цркви, изјави  за ТВ А1 портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј, кој најави дека најрано средбата ,може да се слуши наредниот месец.

Македонските владици не очекуваат големи промени во односите со Грчката црква, поради политичките димензии на спорот, но сметаат дека е потребно да се одржуваат континуирани односи.

Се очекува на средбата во Атина да се дискутира за отвореното финансирање на Вранишковски од грчка страна, како и за долгогодишните опструкции поради името од ГПЦ во решавањето на спорот меѓу Македонската и Српската црква.

Синодот на МПЦ, по одлуката на ГПЦ да го прифати предлогот на македонските архиереи за средба, на седница на 21-ви овој месец треба да ја одреди делегацијата и датумот на посетата, која најрано може да биде реализирана идниот месец.