Гимназијалката Ана Томевска, ученичка во втора година при ОСУ “Св.Климент Охридски”, ќе биде дел од „YES“ програмата за меѓународно образование.

Како што вели Томевска, за програмата „YES“ била информирана и добила препораки од нејзината професорка по англиски јазик Сузана Ристеска.

„Професорката Сузана не информира и не поттикна да учествуваме на натпреварот за познавање на англискиот јазик кој се оддржа во Струга во Септември 2013. Тестирањето се состоеше од три круга и тоа општо знаење на англискиот јазик, како и пишување есеј. За резултатите од вториот круг се чека неколку месеци, за да се продолжи со третиот круг кој се состои од EFL тест, есеј и интервју со што се завршува третиот круг. Тестовите, есеите и интервјуто се праќаат во Washington DC каде се врши селекцијата.“ – вели Томевска.

Инаку, Томевска како дел од оваа програма, третата година од средното образование ќе ја заврши во Pasco, Washington, USA.

OhridNews