Во петокот вечерта околу 21.15 часот во Полициската станица Струга, 28-годишен жител на Струга пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот, позади „Пензионерскиот дом“-Струга, кога со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, а управувано од друго лице, откако пристигнале на одредиштето и излегле од возилото, од страна на возачот ненадејно со нож бил прободен во пределот на десната страна на грбот, по што паднал на земја.

Тогаш, возачот со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути киднапираниот стружанец успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со друго лице се упатил во Медицински центар Струга.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.