Една година се навршува денеска од смртта на легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Насименто Пеле, кој почина на 82-годишна возраст од рак на дебелото црево.

Со 77 постигнати голови во националниот дрес Пеле беше најдобриот бразилски стрелец во историјата сè до септември оваа година, кога неговиот рекорд беше надминат од Нејмар.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во 2000 година ги прогласи Пеле и Аргентинецот Диего Армандо Марадона за најдобри фудбалери во 20 век.
OhridNews










