Започнаа возбудувањата во осминафиналето од UEFA Champions League, а првите натпревари од оваа фаза донесоа неколку убедливи победи и изненадувања.

Најефикасниот натпревар се одигра во Бергамо, каде Баерн Минхен убедливо ја совлада Аталанта со 6:1 и направи огромен чекор кон четвртфиналето. Убедлив триумф забележа и Атлетико Мадрид, кој на домашен терен го победи Тотенхем со 5:2.

Во Истанбул, Галатасарај приреди изненадување и го совлада Ливерпул со 1:0, додека во Англија Њукасл и Барселона одиграа нерешено 1:1, оставајќи доза неизвесност за реваншот.

Осминафиналната програма продолжува вечерва со уште четири први натпревари. На програмата се дуелите Баер Леверкузен – Арсенал, Бодо Глимт – Спортинг Лисабон, Пари Сен Жермен – Челзи, како и дербито Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Реванш натпреварите од осминафиналето се играат следната недела, по што ќе бидат познати осумте екипи кои ќе обезбедат место во четвртфиналето на најелитното европско клупско натпреварување.

OhridNews