Ефикасна фудбалска вечер со вкупно 25 погодоци понудија синоќешните натпревари на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.
Најефикасна беше Златара Бени Ерол, која во натпревар со дури 15 погодоци го совлада Киоск Кај Бироно со 10:5.
До победа стигна и Мики Про Керамика, која беше подобра од Злате Транс со 5:2, додека најнеизвесна беше пресметката меѓу Аце Најдески и Мороишта. Аце Најдески славеше со минимални 2:1.
Резултати – 14 август:
Мики Про Керамика – Злате Транс 5:2
Златара Бени Ерол – Киоск Кај Бироно 10:5
Аце Најдески – Мороишта 2:1
Возбудувањата на „Богородица куп 2026“ продолжуваат вечерва со уште три натпревари. Програмата во 20:30 часот ја отвораат Хотел Тино и Киоск Кај Бироно.
Распоред – 15 август:
20:30 Хотел Тино – Киоск Кај Бироно
21:30 Требеништа – Охридски бисер Филеви
22:30 БЗ Груп – Том Гор
OhridNews











