Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ се спроведуваат спелеолошки и биоспелеолошки истражувања на пештери во Националниот парк Галичица.

Голем потковичар е најголемиот претставник од лилјаците потковичари и има тежина од 17 до 34 грама и распон на крилја до 40 cm. Неговата популација е под голема закана од уништувањето на поволните живеалишта, вознемирување во засолништата и намалувањето на достапната храна, поради што е категоризиран како близу загрозен според Европската црвена листа на загрозени видови. Во Националниот парк Галичица, големиот потковичар е регистриран во Лескоечка Пештера, Мечкина Дупка, Бимбилова Пештера, Наумова Пештера и Црна Пешт.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.
OhridNews













