На Државниот натпревар по географија, што се одржа на 5-ти мај на ПМФ во Скопје, учениците од охридските основни училишта постигнаа одлични резултати.

Ученичката Ивана Маслова од ОУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на наставничката Нине Симоновска го освои 1-то место. Ученичката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на наставничката Билјана Сиљаноска го освои 2-то место. Трета награда на натпреварот освоија: Јане Димов од ОУ „Ванчо Николески (ментор Татјана Пуцоска); Томи Николски од ОУ „Ванчо Николески (ментор Татјана Пуцоска); Петар Симоноски од ОУ „Григор Прличев“ (ментор Зоран Николоски) и Андреј Филоски од ОУ „Григор Прличев“ (ментор Зоран Николоски).

Извонреден успех на натпреварот постигна ученикот Петар Илоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ под менторство на Татјана Пуцоска, кој го освои првото место со најдобар резултат во целата република.