Врз основа на претходно изготвени анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи во однос на работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање на фискални сметки и слично, Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, синоќа од 22 до 04 часот преземаа мерки и активности за контрола на угостителски објекти по сите основи на подрачјето на Скопје.

При тоа била извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти. „Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет. Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти“, информираа од МВР.

Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и дека нема да биде толерирано било какво непочитување на законите.

OhridNews