Од 15 до 18 јуни Охрид, Струга, Поградец и Kорча ќе се одржи Втората конференција на тема „Дестинацијата како бренд“, што ја организира балканската асоцијација на хотелиерите БAХА со поддршка на Хотелската асоција на Македонија – ХОТАМ и Хотелската асоцијација на Албанија.

Во програмата на конференцијата предвидени се 4 панел дискусии: Предизвици во брендирање на дестинацијата; Предизвици во брендирање на малите дестинации; Значењето на хотелскиот бренд за дестинацијата и Гастрономијата како основа на брендирањето.

На конференцијата најавено е присуство на претставници на туристичкиот сектор, национани асоцијации и членови на влади од регионот.

OhridNews