Вечерва во Охрид се одвива голема полициска акција, дознава OhridNews.

Очевидци изјавија дека на излезот од градот кон Битола запрени се повеќе патнички возила, кои се претресуваат заедно со патниците. На улицата „15 Корпус“ забележливо е големо присуство на полицијата.

За што точно се работи и која е целта на полициската акција, засега нема официјални информации.

OhridNews