Со три интересни натпревари продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, а победите ги забележаа Томе Електрик, Гостилница Кај Мече и Екстра Скопско.
Во најефикасниот натпревар вечерта од групата Б, Попоски инженеринг Кафе Дома загубија од екипата на Томе Електрик со 2:8.
Убедлив триумф забележа и Гостилница Кај Мече, која во натпревар од групата Е со 4:0 беше подобра од Кибо Пласт, потврдувајќи ги амбициите за висок пласман.
Во последниот меч од програмата, Екстра Скопско со 2:0 го совлада АД Галеб во рамки на групата Ф и успешно го отвори својот настап на годинашниот турнир.
Резултати недела, 21 јуни
Група Б
Попоски инженеринг Кафе Дома – Томе Електрик 2:8
Група Е
Гостилница Кај Мече – Кибо Пласт 4:0
Група Ф
АД Галеб – Екстра Скопско 0:2
Турнирот продолжува вечерва со нови три натпревари од групната фаза.
Програма понеделник, 22 јуни
20:30 часот Д-р Баткоски – Етно ресторан Дедо Димо (Група Х)
21:30 часот Екстра Скопско – Златара Бени Ерол (Група Ф)
22:30 часот Виена Комерц – ДООЕЛ Ноче (Група Ц)
Г.М.

















